утрински (прид.) - кафе (имн.)

Мајка му го донесе на Татко второто утринско кафе, а за Камилски чај ала турка, а тој ѝ се заблагодари по трет пат бакнувајќи ѝ рака.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Додека Јана го подготвуваше утринското кафе, тие ги истовараа вреќите што со себе ги понесоа од дома.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во неделата со заедничкото утринско кафе Рада почна со својот вез.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога јас ќе станев ти веќе тргнуваше на работа среден, дотеран во костум и вратоврска, со испиено прво утринско кафе.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
- Знаеш Радо, од денес вртиме нова страница во животот. - започна Томо додека заедно во дворот го пиеја утринското кафе. За чудо, овој пат беа сами.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Онаа што го љубеше „Сè уште чекам животот да ми започне“, си помисли таа миејќи го филџанот од испиеното утринско кафе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Најфино од сѐ ми беше утринското кафе. Јас станувам и си ја знам работата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)