Истоварувањето на британско-американските единици во Италија го навестиле почетокот на крајот на италијанската фашистичка окупација во светот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тие знаат добро кој бил Мусолини, Чано... – Но Чано бил човек како и многу други... затекнат од историјата... – Ама тој раководеше со фашистичката окупација на Албанија.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Од своја страна, по првите информации за ситуацијата во Македонија, Британците имале појасна претстава за размерите на вооружената антифашистичка борба во Македонија, но сé уште им биле непознати политичките желби на македонскиот народ кој се приклучил кон антифашистичката војна за да се ослободи од фашистичката окупација и да го реализира своето национално ослободување и своето обединување.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Во есента на 1940 година заминал на отслужување на воениот рок во Сараево, каде го затекнала фашистичката окупација.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Капитулацијата на Италија на 8 септември 1943 година значела напуштање од италијанските воени единици на територијата на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Како војник бил заробен од Германците, но успеал да избега од логорот и преку Белград да се врати во Македонија.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Дотогаш Македонија воопшто не се споменувала во меѓународните и меѓудржавните преговори, договори и покрај фактот што македонскиот народ уште во 1941 година започнал со својот отпор против фашистичката окупација.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)