Ако застануваше некој од врзаните по некоја физиолошка потреба, мораше целата колона да застане и да го чека.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Напати сонот е и лек а не само физиолошка потреба !”, рече редејќи ги резените од диња во тавчето. „Не грижи се”, додаде.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но, од друга страна, со тоа што ми заповедаше да тргнам со неа, таа покажуваше бесна немоќ, и тоа беше симпатично. (Боже, можно ли е да сум бил толку незрел и глупав за да не сфатам што сакаше Луција да каже со тоа, и дека бараше да бидам со неа на еден општествено дозволен начин, како другар од партијата; зарем бев толку глупав да не сфатам дека тоа беше единствената форма под која можевме тогаш да бидеме заедно, тогаш кога партиската свест беше посилна и од свеста за физиолошките потреби?) За да ја развеселам, реков дека ќе потпишам.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Земанек седеше на своето место; очигледно, и покрај сите физиолошки потреби за сон, што обично се викаат мамурлак, тој беше совладал еден физиолошки закон; на тоа го обврзуваа редот, поредокот, општеството.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Не, не бев загрижен, а тоа се должеше на мојот карактер секогаш наклонет кон природните потреби на поединецот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)