И како што кажа, „Односот меѓу подучувањето и учењето мора постојано да биде отворен и подложен на обратност“.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тие се потпираат на другите кои треба да им дадат не само емоционална туку и физичка топлина”.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Не можам да мислам на Бојсовата уметност а да не помислам на забелешката на Хајнц Кохут дека „нарцистичко пореметените лица се наклонети кон тоа да не можат да почувствуваат топлина или да останат топли.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Користејќи ја уметноста за да се ослободи од животно-порекнувачките трауми што ги претрпел, но не одречувајќи ја нивната вистинитост (овој тип на активност го прави таканареченото уметничко „одуховување на животот“, што е една фундаментално репаративна задача на уметноста), Бојс се враќал кон праисконските извори на топлина, то ест, кон топлината на почетокот, топлина која во формативните фази на животот, го охрабрува здравото растење. 98 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Понекогаш го охрабрувал стадото да создава сопствена топлина, како тогаш кога рекол дека “секој човек може да биде уметник”, а понекогаш го прекорувал поради тоа што не ја чувствувал неговата топлина врз себе - што е проекција на неговите чувства за родителската рамнодушност.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тој во своите скулптури ги испитуваше неорганските материи, како што се железото и бакарот, и органските материјали, како што се земјата и дрвото, како можни извори на физичка топлина.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)