Ако сте решиле да разгледувате некој павилјон, на патот до него ве сопираат низа други интересности, и, така, додека дојдете до бараната цел, гледате дека денот веќе изминал зашто, како на филмска лента и со филмска брзина, пред вас неусетно се редат - од павилјон до павилјон - мали и големи впечатоци и со нив толку се заситувате па и не ви останува време за да ги средите.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Со лицето прилепено на прозорското стакло ги гледав пределите низ кои поминувавме, а тие толку брзо поминуваа пред моите очи, како некоја филмска лента.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Правејќи три до пет часа готов материјал неделно во времето на врвот на својата опседнатост со филмот, Ворхол веројатно потсвесно посакувал вака спектакуларен момент.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Материјалите врз кои работат мејл-уметниците се секакви; од картон, пластична фолија, плексиглас, метал, платно, хартија во боја, до стиропор, конфети, човечка коса, нокти, секојдневни предмети, фотографии, филмски ленти итн.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Испадна дека мораше да потроши илјадници километри филмска лента и денови работа за неколку моменти вистина.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Доколку Маклабас биде успешно финализиран (завршена постпродукцијата и пренесен на филмска лента) тоа ќе биде фантастичен подвиг на Скопската уметничка андерграунд сцена и голем уметнички документ за активноста на сите овие битни за современата македонска култура луѓе.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Се почувствува збунет како невешт режисер пред масата филмски ленти со кадри и секвенци на обесени на безмолвни филмски ленти околу него во просторијата на монтажа. Во случајот празни, без слика.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Во тоа му помогнуваа и неговите преморени зеници, во кои, со некоја магија на белината и пренапнатоста, како на филмска лента, беа сочувани сите движења и сето оддалечување на оние двајца.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Од почетокот на март 1941 година настаните на Балканот се одвивале како на филмска лента и според предвидениот план на Хитлер.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Настаните на военото и политичкото поле на територијата на Југославија се одвивале како на филмска лента.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Бугарија пристапила кон Тројниот пакт на 1 март 1941 година, а Кралството Југославија на 25 март 1941 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Сигурно дека експертите во Форин офис имале огромна работа од мноштвото информации што пристигнувале да ги селектираат вистинските и да заземат „правилен“ став во однос на одредени настани или држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Лири планира својата смрт да ја сними на филмска лента.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Ја избришија правта што демне на дното од огледалото Чинам филмска лента се прикажува, де ветер што свири низ распукани усни де рекички што браздат по образот...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Сите тие објекти, филмски ленти, слики, приказни, требаа да бидат концептуализирани и соединети во една конкретна форма така што ќе можат да постојат самостојно и да бидат достапни на погледот на публиката. OГЛО: Имавте ли примери пред да започнете? IГЛЕ: Имав три референци кога го започнав CD-ромот.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)