филмски (прид.) - улога (имн.)

Поттекстот на Милдред Пирс за она што сега го нарекуваме феминистички гнев помага да се објасни особената привлечност на Џоан Крафорд за нејзините легии обожавателки: таа е добрата девојка, иако смела и лојална, вредна и пристојна, предодредена да се воздигне во светот, но соочена со страшни премрежиња, која – кога е дотерана до точка на пукање – сосема има право да замавне и да му покаже на светот, особено на оние што ги сака и што ја изневериле.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Двете сцени од Милдред Пирс и од Најмила мамичке, според ваквото гледиште, го покажуваат зловесниот ужас на женскоста кој ги пробива нормите на пристојното однесување и најпосле се отпушта.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Позната не само по својата комбинација на раскош и абјектност туку и по разулавената жестина, како во неколку филмски улоги така и во некои приказни за нејзиниот личен живот, Џоан Крафорд може да симболизира отпор, пргавост, сила, решителност и неумолива волја – (феминистички) дух сјадрен во злогласниот укор што го изрекла пред Одборот на директори на Пепси-кола, кои, по смртта на нејзиниот сопруг, се обиделе да ја истиснат при еден неуспешен обид да ја спречат да го наследи како претседавач на одборот: „Не се заебавајте со мене, дечки!
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)