филмски (прид.) - фестивал (имн.)

1967 Април - оди во Лос Ангелес на премиерата на „Девојките од Челси“ одржа­на во Театарот Синема, а потоа и во Сан Франциско.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се запознава со Тед Хјуџис, кој работи за „де Менилс“ во Тексас; подоцна станува претседател на Енди Ворхол институцијата и магазинот Интервју. „Фектори“ се преселува на Јунион Сквер во западен Њујорк.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Пролетта - оди на Канскиот филмски фестивал со „Девојките од Челси“, но филмот не се прикажува.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Црни уметници ја претставуваат нацијата на меѓународни биеналиња и на филмски фестивали.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Црвениот тепих, имитација на некои гламурозни филмски фестивали кои што повеќето гости на балот ги имаа видено само на телевизија, се имаше распослано од влезот во големиот двор ограден со жива ограда, па се до скалите преку кои се влегуваше во Куќата на братството на патриотската гарда.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
- А, малку ли е тоа?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Баш бев среќна што си имам свое сопствено детство!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Внатре, во кутичето, жолто блескаше мојот прстен.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас бев на филмски фестивал, а кутрата моја мајка мора да слуша некаква глупава „Сто и една приказна“ и да си легнува во осум часот. Ужас!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ѝ го отвори малечкото сино кутиче од специјален порцелан, што го купи во Москва на филмски фестивал кога беше на гости кај другарка ѝ Гордана, нејзина колешка, што во тоа време беше новинар-дописник од тој град во Русија.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А, брат ми пак, пред тоа, еднаш беше дури и на снимањето на филмот, кај нас во Шутка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не сум јас мала, разбирам дека ти е таква работата, поврзана со одење на странски филмски фестивали, и не се бунам, трпам, те чекам да се вратиш, тешко ми е, ама, што можам кога таква мајка ми се паднала, да мора службено толку често да патува... ... – Е, како често? – ме прекина таа – најмногу два-три пати годишно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Имаш чуено, како да не! Јас ви раскажував, а мене мајка ми ми раскажуваше кога се врати лани од Канскиот филмски фестивал.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Брат ми вели, тоа е ништо, чиста беда во споредба со Канскиот, Венецискиот, Московскиот и Сансебастијанскиот, каде што оди мајка ми, и дека ни „фрлила само коска” што нè викнала да бидеме заедно со неа, а главното не нѝ го овозможила никогаш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
За мерак! Баш така замислував дека изгледа филмски фестивал.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И не само поради детството на мајка ми, туку и затоа што тие неколку дена кога бевме во октомври таму се одржуваше филмски фестивал. А, тоа не е што и да е!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Да биде на фестивал не може секој: филмови од утро до вечер, сниматели, режисери, артисти, новинари, фестивалска публика!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кан е место на Азурниот Брег, а во него, во мај, се одржува голем светски филмски фестивал.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Замислата на директорот на филмот, кого можеа само да го замислат во некоја длабока фотелја на главниот град, од една страна - да се остави филмска документација на идниот гигантски хидроенергетски објект, а од друга - да се направи документарен филм, што ќе го склопат режисерот и продуцентот во монтажата, и кој не само што ќе се прикажува во сите кино-сали низ земјата како предигра на играните филмови, туку и достојно ќе нè претставува на сојузниот и странските филмски фестивали.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)