Притоа воопшто не ми беше намера, без оглед на спротивставените мислења на поединци кои воопшто и не ја прочитале книгата, да ги измешам литературата и филозофијата. 4Кога пишувате книга како оваа, дали ја пишувате исклучиво во однос со собеси или пак таа е наменета за некое читателство? 4Сигурно дека се обраќам кон читатели за кои претпоставувам дека би можеле да помогнат, да ме следат, препознаат, одговорат.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Од друга страна, таа разлика претпоставува дека филозофскиот дискурс е сосема нелитерарен, дека е слободен од метафори и реторика, и дека сето реторично и метафорично во него е пропаѓање и незгода.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Таквата контаминација на угледниот филозофски дискурс со книжевен текст што се смета за соблазнителен или опсцен и меѓусебната контаминација на нивните различни правила или начини на пишување, можеа да се причинат како силовити - веќе при самото „обликување на страницата“.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)