Ова оди заедно со едно проширување на фонографијата и со сите средства за зачувување на говорниот јазик, кои овозможуваат тој да функционира и во отсуство на субјектот кој говори.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Историјата и знаењето, istoria и episteme секогаш биле определувани (не само од страна на етимологијата или философијата) како свиоци на видикот на повторното присвојување на присутноста.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Оваа енклава исто така е местото на кое практиката на научниот јазик однатре и сѐ подлабоко и подлабоко го оспорува идеалот на фонетското писмо и сета негова имплицитна метафизика (метафизиката), т.е. особено философската идеја на episteme; како и онаа на istoria која е длабоко зависна од неа, и покрај раздружувањето или спротиставувањето кое ги упати една на друга во една фаза од нивниот заеднички развиток.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
На неа, всушност, укажуваат сите историчари на писмото: тие едновремено потсетуваат на несовршеностите на алфабетското писмо кое долго време се сметаше за најпогодно и „најумно“ писмо.8
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во рамките на културите кои го практикуваат таканареченото фонетско писмо, математиката не е само енклава.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Веќе алудиравме на теориската математика: нејзиното писмо, било да се сфаќа како сетилна графија (а таа веќе претпоставува еден идентитет, значи, еден идеалитет на нејзината форма, што во принцип го прави апсурден широко прифатениот поим на “сетилен означител”), било да се сфаќа како идеална синтеза на означени или трага оперативна на едно друго ниво, било, уште подлабоко, да се сфати како како премин од едните кон другите, никогаш не било апсолутно врзана за една фонетска продукција.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)