Од урнатините, кои некогаш беа заедничка куќа, за спомен го зеде Тито, којшто нагло воскрсна во ликот на новиот хрватски претседател.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Хрватскиот претседател носи бели сакоа како и Тито (убеден дека ги носи како Европа); им дели на децата праски од својата градина (Тито од своите градини им праќаше на југословенските деца кошнички со мандарини); го бакнува, го штипка за образите и го крева во вис (секако, пред телевизиските камери) секое дете што ќе му се најде на патот (и Тито со задоволство ги цмакаше децата).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)