И затоа, кога Доста проговори, санким „царска ќерка се родила“, Митра веднаш се фати за пиштоли: — Уууу, невесто Досто! Кој ќе чуе ка ќе рече!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Значи, во сонот, лично тој станал царски зет, добил цела една област за управување и живеел многу среќно со прекрасната царска ќерка која му родила дури седум дечиња.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
На лутината згора, се налутил умот и го остаил момчето баш таа вечер коа го затворија да лежит со царска ќерка, демек со невестата.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Туку од кај си беше момчето умно и разумно, штом го остаил умоот, беше се ошутило, како што си било коа било сиромавче, и едно му ја пуштиле невестата при него, тоа му врзало една трешница по врат и ја истерало од при себе.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
И тогава тие благодариле Бога зашто се удостоили да имат у дом свој царска ќерка.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
Падна во постелата со очи ширум отворени и се настана во Господа ангелската душа на царската ќерка.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)