Уште од порано занев дека во француската метропола има уредни гробишта за кучиња, обвиени со зеленило, украсено со цветни алеи и споменици, како и другите гробишта.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Навистина, бункерите имаа и друго што да бранат: нашиот прастар и автохтон идентитет, нашиот древен јазик, нашиот фолклор, нашето полифоно пеење, нашата изорана земја во цветни алеи и терасести градини, нашите фабрики во кои се произведува од игла до трактор, нашиот целосно описменет народ, ослободен од верското ропство, нашите задруги...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Тогаш посакував град со широки булевари, дрвореди, паркови, тревници, цветни алеи...“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
ПАРИЗ најимпозантно се претставува на „Трокадеро“, на она место кај што се издига палатата „Шајо“ и од каде што се отвора величествена панорама - Ајфеловата кула, а понатаму убав парк полн со зеленило и цветни алеи во чие дно се наѕира Военото училиште.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
На југ од Бургас не ќе догледате рамен морски брег, послан само со песок и со модерни хотели и одморалишта, со улици и цветни алеи по парковите...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Варна никогаш не може да се замисли ако се оддели од своите големи туристички комплески - „Златните песоци“ кои се, речиси, нејзин составен дел и по чија должина на дваесетина километрисе шири една песоча плажа и над неа голем зелен појас од разновидни дрвја и цветни алеи.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Скржавото пролетно сонце уште не го распеало софиското зеленило, уште дрвјата не личат на мајски, цветовите пупат, преплашени од налудничавите априлски каприци на времето, цветните алеи по булеварите и парковите сега почнуваат да се шаренеат...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)