цел (прид.) - ме (зам.)

Ти не си жив. Штом мојте очи сонот ќе ги склопи - во сонот ќе ми блеснеш ти сред тишината, во сиот сјај што целата ме опи, ко оние што блесна дни.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
- О, тето! Сум заспала. Сонував сон кој целата ме растрепери.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа, целата ме презело и управува со мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме касна студот, целата ме полаза.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Осетив само некоја трпка: ми се качува ко ползавец и целата ме обзема.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Целата ме зафаќа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Почнав да се лизгам по стомак, но некој од левата страна на коритото ме забележа и почнаа да пукаат по мене, целата ме покрија со прашина.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Избор немав, пред мене се појави пресушено речно корито каде што тече вода само кога врне.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)