цел (прид.) - глава (имн.)

Набрзо можеше да се види како мозокот тивко, беспомошно болува зад очите, а тогаш мозокот најверојатно и изумре, бидејќи очите речиси му испаднаа од главата и во нив го немаше повеќе оној препознатлив израз, туку израз како кај очите на краба на едниот крај од нејзиниот сплескан труп“. 22 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На крајот устата му зарасна и можеби и целата глава со времето ќе отпаднеше да немаше очи.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Напред пред борачите одеа тројца зурлаџии и еден тапанџија, (свиреа, корнеа зурлите, бувташе, уриваше тапанот) а по нив сета прилепска чаршија, сите пазарџии, меѓу кои и главите на сојовите од Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Лазор, зашто беше таков, гол и премачкан со шарлаган, нешто што беше и срамно понижувачко, со наведната глава, а Исо, за цела глава понизок од Лазора, но многу поплеќест и подебел, речиси гргулест, ги креваше рацете над глава, плескаше со нив, се вртеше во круг и извикуваше борбено.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ѓузепе носеше бакенбарди и долги мустаци и кратко потстрижена коса, а природата беше го нагрдила и со црвена коса, и целата глава изгледаше како црвена маска на велики поклади.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Топси“ на сликата беше со исплазено јазиче, со весели црни очи, сето разбушавено, со долги уши, кои му ја прекриваа целата глава.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Свето паѓа. Целата глава му е во крв. Симон излегува.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Префрлувајќи ја водата од тушот во славината, ја измива спермата капната над коленото. – Ќе сочекаме ­– се исклештува жената и мажот, на малечката ѝ се примочка.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Го трие по косата, пената му се спушта по лицето и го чеша, тој сепак гледа во нејзините мрзливи, сочни усни како му се наближуваат, за да бидат заменети со влажните кадри, со кои се поигрува, наизменично издвојувајќи ги, наизменично привлекувајќи ја целата глава.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Беше од него повисок со цела глава.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Некому цела глава му се преместува на туѓи рамена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дали очите, дали лицето или целата глава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еден ден старецот ја побара Пелагија, се имаше напикано речиси со целата глава во решетката и зборуваше За Пелагија ништо не ми кажувате!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кога и да пикневме цела глава зелка во котлето, ете ти го мојот братучед Фодулчето, и уште не влезен ќе проговореше Ааа, убаво мириса! Пак зељка!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Петнаесет години по- доцна, со измената и дополнување на ЗРО (2005) од август 2008 година, целата глава од Законот што се однесуваше на „работничката книшка“ беше изоставена (чл. 22, ЗИДЗРО/авг.08) – па оваа јавна исправа, која содржеше општи податоци за работникот, за неговата стручна подготовка, за вработувањата и др. – а којашто, во праксата, служеше 14 за докажување на факти при остварување на некои права – престана да се издава и да постои.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Имала пчелин восок и земала чисти крпчиња, ги мацала во растопениот восок и почнала да ѝ ги става на целата глава.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Солта уште повеќе ѝ ги разјадуваше раните. Ја печеше, ја штипеше по целата глава.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На крајот почнаа да ѝ се кубат веѓите, клепките, ѝ се соголи целата глава. Ѝ се покажуваше само оголената кожа поплавена со непријатно црвенило и красти.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Само што ќе ме видат и ќе избегаат, рече. - Ќе си врзеш шамија, рече мајка ѝ, таму и така жените си го покриваат лицето. - Таму носат и трето око, навезено на грбот од кошулата, рече Ѓувезија Дубровска.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А кога се сврти, ја фати неумолив ужас: на десетина чекори зад себе се виде себеси.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Петнаесет години подоцна, со измената и дополнување на третиот ЗРО (2005), од август 2008-та, целата глава што се однесуваше на „работничката книшка“ беше изоставена (чл. 22, ЗИДЗРО/авг.08) – па оваа корисна исправа, која содржеше општи податоци за работникот, за неговата стручна под- готовка, за вработувањата и др. – а којашто, во праксата, служеше за докажување на факти при остварување на некои права, престана да се издава и да постои.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
2.  Бидејќи оваа јавна исправа веќе не постои во нашиот правен 190 систем – се чини умесно да потсетиме дека во поглед на работната книшка, со донесувањето на вториот ЗРО (1993) во „транзицијата“ се избришаа две мошне добри одредби од поранешниот прв транзициски ЗРО (1990): прво – веќе не се предвидуваше изречната забрана дека во работната книшка не е дозволено да се внесуваат негативни податоци за работникот (чл. 49, ЗРО/90); и, второ – беше избришана одредбата која предвидуваше дека, при предавањето на работната книшка на работодавецот, овој е должен на работникот да му издаде писмена потврда за приемот (чл. 50, ЗРО/90) – што подоцна, во праксата, се покажа како плодна почва за разни манипулации и уцени врз работниците.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Лицето гледам ѝ гори. И целата глава ѝ гори, ѝ чади.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)