На крајот, сосема ретроспективно, со тешко срце, и со едната нога веќе вон исцртаните контури (што локва од Сенка прават!?) на однесениот (кој секогаш и бил однесен, карактеризирајќи се токму со тоа деридијанско Не-присуство!, но сепак...) „леш на постмодернизмот“ (и богами пак отворајќи цела дузина прашања за „гацањето по /во/ себе и за оние мрачно преемблематизирани субјекти и објекти на Лакан...),
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Толку упорно, толку сигурно мамеше.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
ПРИЗНАВАМ: Призрак п. Сенка е некаков тип на „Постмодернизам за деца”, тука некаде покрај, или во едно искривено огледало соочувајќи се со оној „Постмодернизам за деца” на Лиотар, обидувајќи се да биде една сублимирана реакција на него.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Дури и цела дузина пријатели да се најдеа покрај мене за да ме уверуваат дека се лажам, дека тоа не е нејзиниот глас, пак ќе тргнев по него. По гласот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)