цел (прид.) - земја (имн.)

Реките од живи и пробудени сили на копачи копачки и страдни голи гладни по целата земја!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Секој од нас се гледа само себеси и ретко некој погледнува подалеку да ги види своите другари како напрегаат сили низ целата земја работејќи на големото дело на народната просвета.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Зборовите на Цепенко му прозвучија како клетва на целата земја.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но секако имало поголем или помал душманлак, наше е да го откорнеме од балканските јазици, а бездруго со тоа ќе го снема во животот, нема да ја заматува меморијата на нашите потомци! рече Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се разбира дека душманлакот го има на целата земја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Несреќата што го снајде градот се расчу низ целата земја.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тоа дете, подоцна низ годините, ги виде по целата земја кулите и градовите, ги виде и островите со заливите и пеперутките, само скриеното си остана скриено, и тајното си остана тајно или само наѕрено, мигум насетено.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Една од омилените мисли што сум ја запишал (за жал, не ја помнам книгата), гласи: „О, боже на сонцето, ти со својата светлина ја испитуваш целата земја како да се тоа знаци на клинесто писмо“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Уште вечерта го подолнив првото од ливчињата што ги спремив за анотации: „Да создадеме човек... кој ќе биде господар над рибите морски, и над птиците небески, и над ѕверовите - над целата земја и над сите гадинки што се движат по земјата“.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Целата земја, целата бела кристална палата на Долината, сите пречисти голини на далечните сртови, исто онака, како и најситните прачки во околните дрвја, празнуваа: беше роден Денот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се чувствував во целата земја како во стапица, во земјата во која беа закопани сите таткови соништа за враќање.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тој мораше да ги излее низ стихови и мелодија, и да ја разнесе по целата земја славата на неговите партизани кои што „го дочуваа црвено знаме!“
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Немаше град, немаше институција, каде што не се запишуваше за вечни времиња неговото име. Целата земја се бургибизира.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Е, бидејќи капитализам без богати не бидува, и кога тоа го намирисаа лакомите и арамиите, се сјатија и ја соголија земјата, па, чиниш, сиромаштијата брезничка како лишај се рашири по целата земја.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
На борба, на борба, браќа и сестри! Целата земја гори и одекнува: смрт или слобода!“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
„И пролетва низ целата земја има акции за пошумување.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Не ќе беше добро да се суди или да се убива Чанга, зашто никој како него дотогаш во целата земја немаше собрано, придобиено, засакано, зближено толку многу луѓе од различни вери и националности, па да стане нивни Бог, во тоа пресудно време.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Еве сега повторно и непотребно ја заплеткаа целата земја во тоа проклето козјо прашање.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А пролетнот ветер го разнел семето по доловите и ридиштата, по целата земја.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Царот Јуан не се ни помрдна. Го гледаше Големиот Ѕид како исчезнува во оддалечените, замаглени ридови; таа величествена змија од камен што се извива долж целата земја, тој моќен ѕид што од дамнешни времиња ги штити од непријателските орди и им го осигурува мирот за неброени години.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Времето никакво: не се расправа, не се поткрева, не се псиргнува. Прокиснуваме ние, прокиснува цела земја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таа оди напред, а јас мислам дека цела земја оди по неа. Погледот ѝ паѓа пред врвот од чевлињата. Им прави место на чекорите, на стапалките.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)