цел (прид.) - лице (имн.)

Сега додека одевме кон скалите за да се качиме горе во собата, му го видов профилот, по малку пушкиновски, подаден напред, но целото лице подолгнавесто, горниот дел кај челото и очите поизразен, а долниот пововлечен.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Логотетот сосема се беше задлабочил во записот, и одеднаш, ведра сенка му помина на намуртеното чело и се разлеа како озарение по целото лице: „Вадар е вода“, рече и самиот несвесен што рекол.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Целото лице ми го изнапиша.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И сѐ мрда на него: и веѓите, и мустаќите, целото лице.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Целото лице ѝ го покрива со бакнежи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Петрис ги собира веѓите, го набира челото, по целото лице му шетаат брчки. — Ама...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се удираме, преку целото лице се удираме и после само се чешаме, се дрпаме по удреното.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За чудо челото и јаготките му биле мазни, неподвижни, и преку ден како облеани од летна месечина, чиниш целото лице му е изделкано од јадра биволска коска.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се олабавило, со цело лице се обидело да го побара својот убиец стреснувајќи се од темната врелина што му џбурнала од полуотворената уста и со расширени раце, чиниш со мртвото тело, сакало да го заштити оној што можел да му биде татко, заштитник или учител на вакви сурови часови, паднало врз прпелкавиот грч.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И тогаш, по еден истрел, на момчето како да му здодеало со напнат грб да го исправа од невозможната положба човекот со крвави гради.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бил загатлив дивјак со куси нозе, црнките во очните глобови му биле иглести, на преширокиот врат му се протегале остри брчки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ама се разболува и седнува на шминкерницата... а го има тоа перитонитот... и пробува да си стави кармин, ама не може... и целото лице си го размачкува... ама пак решава да оди во Чикаго и...
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Со цело лице ме гледаат в очи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Цело лице беше сум му го издраскала. И два нокта си поткршив тогаш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)