Еден ден, не беше помината ни цела недела откако загинаа двете овчарчиња, Денко заскита дури преку Гола Глава.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Имаше доста ѓубре, можеби цела недела дедо му не го беше ринел, па доволно се измачи ринејќи го.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Цела недела откако Рози беше погребана, тој не одеше на работа и не се бричеше.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Така преку цел ден, така утре, задутре, цела недела... Мајка му почна да мисли нешто. Три тегли мармалад се испразнија.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Ластовиците си отидоа. - Чекаа еден ден, чекаа два, три, цела недела.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
И по не цела недела пак ја фативме железничката линија и по неа тргнавме за Битола, но овој пат бевме поитри.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Овој пат, речиси, двете дојдоа во исто време. - Здраво! Па каде си ти? Цела недела не си ми се јавила.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Немав време да одам дома. Од 6 до 9 часот ставав цени и декларации на фустанчињата и, кога ќе се размрдаа женичките што работат во ТТК банка и во сите други фирми и фирмички, веќе од рано, уште пред паузата нивна, имав промет како што не правам сега за цела недела.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Бре овде ќе се удаит гемијата, бре онде ќе пропаднат, една цела недела што ја тера гемијата и едно утро приближила гемијата до една ада, та коа се удрила од камењето, парче по парче се напраила; сите што беа во гемијата, се удајле, само Силјанче беше се нашол на една штица задржан и беше го исврлило далгата на суо.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Многу време стојал Силјан на су(в)о ватен на штицата и сѐ му се чинело оти се носит на море.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
и еден ден се појави полковиот командир, на еден бел коњ, коњот игра, не гази на земјата, беше бил заробен од Англичаните, и кога дојде му даде команда на ротниот командир и на другите офицери да се тргнат подалеку од војниците, и тие сите се тргнаа едно двеста чекори, и полковиот командир не прашува кој каква мака има, или некоја поплака да има, и излезе еден, Ристе се викаше, а тој пак сето време само главата навалена и само зачуден, и со никого ни а, ни бе, и мајката, си мислиме, на толку молчење, сега најде да зборува, а тој ти имал мака, полкот негов ја збркал работата, а го окривиле и Ристета и го осудиле седум години затвор да лежи по завршувањето на војната, и Ристета цела недела пред тоа го учел еден адвокат од Скопје како да се пожали, го вежбал за докладот, како да се претстави и како да се поплаче и Ристе станува, јас бев часовој, вели, кога стана тоа, а имам и часовник добиено за храброст, ама јас не бев таму, кај што стана колењето и му кажува сѐ како што било,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
„Тато цела недела со никого не разговара. Само за работата со некои луѓе.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Цела недела потоа животот му беше како немирен сон.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Цела недела помина откако таа му пријде.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Цела недела патуваа наваму, Чана признала во сите вагони, нигде не му го видела суратот, а и како ќе му го виде кога се крена онаа ветрушка на гаковската станица и нѐ напика во вагониве без да го измолкниме од оној проклет брлог каде го имаа сопнато ветровите на претците!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
КАРАМАН АТАНАС: (Зад кулисите) Вино, вино ли се твоите очи! Погледна ме, опија ме! (На сцената). За цела недела пијан одам, а за месец мамурлија!..
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Додека жетвата втаса мажите ги окосија ливадите, го прибраа сеното, излезе и едната мера млеко каде што Трајко измрда цела недела и, ене го, Петровден дојде!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
За да биде што поретко со неа, Крсте често одеше кај сестра си и остануваше цели недели.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Седи по цели недели и месеци без работа, игра папски, дама, пишува писма; некои занаетчии наплетоа кошници и табли од врбите и им ја собраа сета сланина на витолишките баби и невеста.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А, лебами, Мамуд и други параспурџии од чаршијата којзнае цела недела дали толку ќе заработат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И кога на Митровден ги намнисуваа браќата Сукаловци за некоја селска работа, Стојо бегаше Опстраница и таму оставаше цела недела и две, а Илко се изговараше дека без бацка си Стоја тој ништо не знае.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Сѐ што беше да се пее: за фаќањето на Ристоса, за распинањето, за закопувањето, за влегување во пеколот од каде го извади Адама, та и за самото негово воскресение се пееше цела недела пред Велигден.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Бре овде ќе се удави гемијата, бре онде ќе пропадне, една цела недела што ја тера гемијата и едно утро приближила гемијата до една ада, та кога се удрила од камењето, парче по парче се направила; сите што беа во гемијата се удавиле, само Силјанче беше се нашол на една штица задржан и беше го исфрлило далгата на суво.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Така еднаш цела недела небото ту беше црно, ту сиво, далеку се слушаа грмежи.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Рекоа: пред да си го одземе животот, цела недела пиел.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Плачеше подготвително цела недела. Секој ден по неколку часа.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
- D - E - B - U - S - S - Y, - го кажа буква по буква Ѓорѓија, - така ли се чита?
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ја немаше цела недела, во која Ѓорѓија очајуваше.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Пијана од сопственото доброчинство, што и го вдахнал нејзиниот татко Добре, најдобриот човек на светот, доскорешната кукла, а сега највисоката, најкитната мома на сите времиња на светов, Нова Година, една цела недела не се сети на Дедо Мраз.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
На пример, мама никогаш не остава немиени садови да се грамадат цела недела, па потоа да констатира дека во кујната настапил хаос и тогаш да покрене кампања за санирање на хаотична положба!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
До крајот на есента се случија уште неколку работи за кои Егејците не можеа да најдат објаснување: Господ цела недела не си ги запре солзите и не само што се наполни коритото на Вардар, туку и сите улици, плоштади и подруми до железничкиот насип.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Тој студ уште цела недела остана во мене.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ги чекавме парите три цели недели. Јас морав да го уплатам последниот промет од Продавницата.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Каде да се врати, кога е веќе цела недела вратена? – си мислев, ама не сакав да ја прекинувам со какво било прашање.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)