цел (прид.) - околија (имн.)

Розова, со многу нијанси, во длабочината темна, а по рабовите станувајќи сè посветла, нежно зрнеста, со нерамномерно засирена крв, отворена како надземен рудник.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Така започнала познатата борба меѓу војската и цапарската милиција, што ја вознемирила целата околија, како и делегатите на Смилевскиот конгрес, кој морал да ја прекине работата и да испрати оружена сила во помош на Цапарци.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
При секое идење во селото, со себе водеше еден силен, красен бик, Ромео го викаше; во целата околија немаше таков: со која крава ќе се спареше, мораше да фати, да се оплоди, а телињата беа многу понапредни отколку оние што се спаруваа со обични, селски бикови.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Па ете, овде значи, мојата посета е завршена, повторно без потреба ме намачија; на тоа се навикнав; со помош на мојот ноќен ѕвонец ме мачи целата околија, но овојпат морав да ја жртвувам и Роза, таа убава девојка, која години и години живее во мојата куќа, а јас не сум ја ни забележал, – ова е веќе преголема жртва и јас морам да ја соберам сета своја досетливост за да пронајдам некакви остроумни објаснувања за да не го нападнам ова семејство, кое дури ни со најдобра волја не може да ми ја врати Роза.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Од денот, значи, кога решив да се посветам на копањето на бунарот, ја завртив целата околија по луѓе за работа, но луѓе, тие денови, не најдов.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Со целата околија владееше тој.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)