Таков беше овој Велигден. Убав, јасен, чист ден — радосен како целата природа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
За него немаше радост; тој не ја чувствуваше слободата што ја уживаа врапците, пчелите, мравките и целата природа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А врз сето ова, сонцето ги разлева своите благотворни лачи и ја вика целата природа нов радосен живот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Целата природа како да е послана со мека зелена јамболија.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Езерото се разволнува, шумата заечи - целата природа се разгневи и настрвна.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И сѐ изгледаше задремано, неподвижно, божем целата околина, целата природа се вовлекле во мирување, во бел сон.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Зад еден збор е застаната целата природа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Така „нашето“ тело е поврзано со својата природа и целата природа е еден сам индивидуум - нашето стварно тело.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во секоја перцепција на „нашето“ тело на необјаснив начин е содржана и перцепцијата на надворешната телесност која влијаела врз него.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Целата природа се будеше. Поточето во долот жубореше некаква нова мелодија.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)