Во образложението на својата одлука, овој суд најде дека раководството на тужената установа не го имал предвид фактот дека институтот „распоредување на работник“ не е предвиден во ЗРО и дека морал да постапи согласно постапката која во вакви ситуации предвидува понуда на нов променет договор пред отказ. 9
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Тие, немајќи потребно правно знаење, а и како поевтина варијанта, заеднички се обраќаат до адвокат (А. Мандак) – кој тогаш, пак како попрактично решение им изготвува индивидуални тужби и потоа, поединечно, ги застапува при преземањето на сите правни дејствија – сѐ до завршувањето на спорот, за што си наплаќа 10% од вредноста на целиот спор, плус адвокатски трошоци согласно Адвокатската тарифа (1993)8 – коишто во нејзиниот конкретен спор изнесуваат вкупно 4.760 МКД.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Имено, таа е прогласена за технолошки вишок и, од страна на работодавачот, и е врачено отказно решение.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
За времетраењето на спорот не беше изречена никаква времена мерка - а целиот спор, сосе судски такси и трошоци, чинеше 35.780 МКД (585 ЕУР), но оваа „скапотија“ не влијаеше дестимулирачки врз Зефиќ, затоа што таа беше решена својата правда да ја бара докрај.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
На Триманова ѝ се зема за грев наводната блискост со нејзината дотогашна претпоставена шефица, која претходно е избркана од работа – по што следува „логички“ расплет и таа да биде истерана од фирмата, како еден вид колатерална штета од целата ситуација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)