Неговата љубена      во сонот беше ѕвезда што свети и грее, се разбира,      ѕвезда во облик на мала топка сало. (Сонувајќи, Ќ не        сфаќаше како таа не се топи од сопствената топлина.)      Додека траеше сонот, Ќ го празнеше целиот фрижидер      и потоа провалуваше во најблискиот фитнес-клуб за да      трча на подвижна лента.
               
             
           
            
            
              „Азбука и залутани записи“
               од Иван Шопов 
              (2010)