Во октомври 1905 бил свикан Рилскиот конгрес со цел да се разгледа целокупната активност на Организацијата, да се донесе нов Устав, да се осуди дејноста на странските пропаганди.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Согласно таквите процени на состојбите на Балканот, тие укажувале дека „пактовите и договорите, особено оние од ексклузивна природа“, би требало да го причекаат времето на стабилизирање на политичката ситуација и на воспоставување рамнотежа меѓу балканските држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
На овој конгрес било усвоено ново име за Организацијата Внатрешна македонска одринска револуционерна организација (ВМОРО) и било постигнато привидно единство меѓу двете спротивставени страни.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Целокупната активност што се одвивала меѓу Југославија и Бугарија, а во која индиректно била инволвирана и Грција, при крајот на Втората светска војна за британскиот политички естаблишмент претставувала „конфузна ситуација“ во која тие не гледале некоја перспектива за регулирање на односите меѓу балканските држави во „оваа фаза“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)