При една таква ситуација, оценувајќи ја советската експанзија како најопасна за британските интереси на Балканот, во април 1945 година, Черчил зазел цврст став според кој отстапувањето туѓи територии можело да се врши само на мировни конференции бидејќи, според него, неконтролираните договори и преговори не би можеле да го спречат советското напредување во Централна и во Западна Европа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Од тој момент целокупната политика во однос на Македонија беше преземена и раководена од Белград и во исто време македонското национално прашање доби употребна вредност за реализирање на одредени југословенски интереси.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)