Но, се воведоа и три нови права: • правото на работникот или работничкиот претставник на синдикално образование (чл. 154, ЗРО/05); • правото на платено отсуство од работа заради образование од сопствен интерес, и тоа само за деновите кога работникот првпат го полага испитот (чл. 155, ЗРО/05); и • правото на платено отсуство од работа заради вршење на функции или обврски кои произлегуваат од посебни закони (пр. непрофесионални избрани функции, судии-поротници, воени обврзници и/ли резервисти, како и при вршење одбранбени должности, должности на заштита и спасување и сл.) – чл. 150, ЗРО/05; д) во сферата на мирување на правата и обврските од договорот за вработување, покрај дотогаш постоечките случаи (при неплатено отсуство, при избор или именување на државна или јавна функција и при упатување на работа во странство), се прецизира и мирувањето во случаите на: (1) притвор; (2) изречена казна или воспитна односно заштитна мерка, за период пократок од шест месеци; (3) отслужување воен рок; (4) вршење цивилна служба со надомест и (5) во други случаи определени со закон.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
На 11 јули 1941 година, со наредба на претседателот Рузвелт, Вилијам Ј. Донован од Њујорк бил именуван за координатор на информациите (Coordinator of information - COI) и за раководител на новата цивилна служба во рамките на Белата куќа, со единствена цел - да го среди „метежот“ меѓу разузнавачките служби.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Канцеларијата на Координаторот за информациите ја претставува првата мирновременска, национална, разузнавачка организација што била надвор од рамките на Министерствата.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)