Бидејќи сè додека народњаштвото како општо чувство на општествениот живот биде доминантно (како српскиот задружно радикален и хрватскиот провинцијално средноевропски ФОЛКИШ), дотогаш ќе ги трпиме сите последици на одржување и дотирање на едно одамна насукано трупиште, во кое ајдуците и ускоците, во својство на управник на светилникот, веќе го пљачкосале и последниот златен заб од вилиците на настраданите патници. 14. 10. 1991 Маргина 36 27 Еднодимензионални народи Народ што не знае на сопствената волја да ѝ стави цивилизациска граница (да изнајде ФОРМА), кој не знае да се самосовлада во законот и правната норма, кој како единствена вредност го зема и истакнува сопственото постоење, доброволно се определува за робување самиот на себе (а тоа се најлоши ропства) и, на крајот, паѓа во опасност од билошко исчезнување.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)