Дејан, низ цинична насмевка наполнета со пожолтени заби ја цитираше мудроста којашто Тодор, уште во деновите кога двајцата беа новинари во локалниот весник му ја посочуваше како врвен интелктуален дострел.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Се сеќавам, во време на Панк наездата, еден мој школски другар целосно предаден на ерозијата на музиката, потрупан со амблеми на декадентниот рок, пред портата, на тогаш единствениот, универзитет во нашава Македонија, со цинична насмевка ме извести дека факултетот го влечка со години затоа што не може да се разбуди на време и ги преспива испитите.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)