Сака циркус и дамнешна желба му е да стане циркуска ѕвезда, како оној Австралијанец што на рамења можел да изнесе коњ до триесет и втората скала.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Подоцна во циркусот научив дека сите циркуски ѕвезди бараат на тренингот, освен учесниците во точката и аѓутантот да нема никој друг, особено не во публиката; редовно се случува да им падне концентрацијата ако има макар и две очи во темнината што ги гледаат.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Шампион е во дигање тегови, шампион е во возење мотор, а и апсолвент на молекуларна биологија.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)