црвен (прид.) - боја (имн.)

Зелено. Чудесно зелено застрашувачки наидува додека скоро гледам како црвената боја се повлекува.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сега блештава и јасно црвена боја сака да ме обземе, а јас барам засолниште во меката и чадливата жолта боја.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Црвената боја е поубава од жолтата, тоа секој го знае и го признава.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Но црвената боја што има обземено сè и мене и околу мене не ми пречи стварноста да ја видам онаква каква што е, во нејзините вистински бои.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Јас сум овде во пределот на црвената боја на животот, далеку, недопирливо далеку од онаа студена и сива гасовита состојба во која се наоѓа човештвото.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Додека јас така се мачам да сфатам со кого имам работа, човекот со кого се движам сѐ повеќе ме носи кон црвената боја додека сѐ повеќе зад нас останува жолтата боја којашто ми е толку многу примемлива.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Додека се чуствувам така среќен и горд поради Балканот, црвената боја ми задава страв што полека ме обзема.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Целиот сум во црвена боја.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Баш во мигов, пак, Краснојарск е домаќин на тајната конференција на сибирските алхемичари кои се договараат како, без никој да дознае, да извезат црвена боја за фустанот на сопругата на американскиот претседател за свечениот прием во Белата куќа во чест на кинескиот претседател, отшто во белата куќа меѓу сите зналци и душкала има и такви кои знаат дека џиш црвената може да џишне на незгодни места, може да џишне мнозина, а богами може да џишне и цели народи, ако алхемичарите се вљубени во џишнувањето.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
„А добитокот, а колибата? А моите дома?“ му ораат низ глава тревожни мисли и чувствува дека, му се врти од тоа пред очи и пак замижува, и пак почнуваат оние бранови, оние кругови, онаа црвена боја во која сѐ се стопува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Накрај, “плаво” е етноним: во ст. рус. летописи е забележан етнонимот “Половци” - веројатно, Кумани (Хазари?) мала меѓуигра со знамињата на народите Знамиња со сина, бела и црвена боја (во различен редослед) имаат следниве словенски држави: Русија, Чешка, Словачка, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Андреј Бели, боите и малку теософија (III) „Релативноста на црвената боја е своевидно теософско откритие.“
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Знамиња во кои едната боја недостига или е заменета со друга: Полска (црвено- бело, недостига сината); Белорусија (црвено-бело-црвено, недостига сината); Украина (сино-жолто: жолтата боја е гранична вредност и на белата, и на црвената боја - затоа не може да се рече дека некоја боја недостига, напротив); Бугарија (бело-црвено-зелено: сината е заменета со зелената, која е повторно некаква си гранична вредност на сината: тоа е токму бојата на морето/плодноста).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Црвената глава е “ниту ваму, ниту таму”, од него се одзема најбитното - скалпот со црвената боја: неопходно насилство во ритуалната практика. *** Чандоџја упанишада: “Црвената боја на горечкиот оган е бојата на огнот, белата боја на огнот е бојата на водата, црната боја на огнот е бојата на земјата. (...) Вистина се само трите бои (или облици).”
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Пред нејзиното мисловно око целата околина почна да ѝ се одмоткува како филм, и имаше нешто утешно и мило во врска со супермаркетите, бензинските пумпи, ресторанчињата, кината во кои се влегува со автомобил, гостилниците, ретките анахрони фарми, чии плевни и амбари беа обоени со црвена боја и беа сиви и обелени од временските влијанија, автопатиштата со надвозниците и подвозниците, и со кружниците, каде што секогаш можеше да се сврти во правец спротивен на оној во кој сте оделе.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Аромата на тутунот го неутрализираше карактеристичниот бајат мирис на кокошарникот, што се граничеше со неговата работилница и ја имаше истата шталска црвена боја.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Патем ги гледав луѓето; ниеден од нив немаше лице; ги гледав и рекламите во разни бои; сите тие бои беа безбојни, без име; ниедна црвена боја не беше црвена, туку во себе само содржеше нешто апстрактно црвено; но ниедна не беше вистински црвена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И како сега помнам: еднаш, во семинаријата, додека чинев умножение на едно слово, што токму со таа буква започнуваше, и буквата наресана беше со црвена боја, како пеперутка, на почетокот од текстот, ми се стори дека буквата прета со крилјата, дека ме довикува со нозете свои блудно раширени, и јас пламнав, се вцрвив, а Писмородецот дојде и ме праша зошто не му одговарам кога ме вика.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Младен се поти, црвената боја бледнее, лицето му станува жолто.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Беше стар, раздрнкан, со оветвена црвена боја, и на Димче не му се допадна.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Васко однегде донесе стара проредена рогозина, ја растегна помеѓу двата први багреми и ме натера да напишам преку неа со црвена боја - Циркус Олипија.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Со парче стакло го стружам слојот и под него се појавува „д“ испишана со бледа црвена боја. Буквата „д“ е кирилска.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Небото го покрија црни облаци и водата езерска имаше црвена боја.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кој ќе посведочи и ќе запише дека за нас слободата секогаш имаше црвена боја?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Под истружената корка вар продолжува одвај видливата избледена црвена боја и само две-три педи понатаму цел збор на македонски - “братството”.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во четири и петнаест се товареше во реисот со црвена боја на чија каросерија од левата и десната страна беше испишано со жолти букви МАКЕДОНКА.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во црвената боја, која беше на работ, за миг се создаде сликата од нејзиното најрано безгрижно детство.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Лекарот им објасни дека агресивните напади на Ана ги предизвикува црвената боја. Во очите на Ана таа асоцираше крв.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Темјанушката е ѕвездолик цвет со пет ливчиња чија што боја е производ на додавањето на црвената боја (бојата на бесмртноста) во сината.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Јунг напоменува дека алхемичарите aqua perman- ens (трајната вода) исто така ја нарекувале “цвет”, додека сафирно синиот цвет со пет ливчиња, е цветот на хермафродитот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ќе израсне со интензивана црвена боја.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Има заоблена кружна форма и црвена боја.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Лицето на ситната жена со песочна коса беше добило јасно црвена боја, а нејзината уста се отвораше и се затвораше како уста на риба на суво.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ластета го понесуваа зелената и црвената боја на магарешкиот трн.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Колку беа убави вечерите во Хаваи, кога сонцето заоѓаше небото имаше прекрасна црвена боја.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
10. И малите деца знаат дека се сонува и на исток и на запад И дека тие соништа напати галежно се допираат И си шепотат нешто што нема никаква врска со јавето Оти во јавето нема источно-западни галежни допири Има купишта лажни насмевки на недоветни главатари Заскитани и којзнае како стасани на врвоите на власта Лебдечки главатари со прилично празни глави Кои служат како очевидна потврда Дека некој може да стаса на врвот без да се искачува Главатари тапкароши на евтини прирачници по светска демократија Главатари кои се најочигледен историски доказ Дека она што поминало не се враќа Зашто ако беше поинаку сетики ќе се најдеше некој Кој барем од далеку ќе заличеше на Рузвелт Черчил или Сталин А зошто не на Тито или Де Гол Море викајте вие што сакате Ама ќе да беше во право оној Маркс од пабот Спанниардс Инн во Лондон Кога еднаш рече дека историјата се повторувала како фарса И викајте вие што сакате Ама од секој руски и американски вселенски брод Со голо око може да се види дека источните сонови Некако поинаку лебдат од западните За кои на исток велат дека емпириски утврдиле Дека воопшто немаат никаква сонувачка специфична тежина Толку што биле сурови реалисти западните сонувачи Источните сонувачи многу сакаат да си ги фарбаат соновите во разни бои И секој знае дека на најстраствените сонови им личи црвената боја
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Во трлото манастирските овчари ги сортираат, ги бележат со црвена боја по челата; обележаните се тргаат настрана за колење; тие како да претчувствуваат блеат, врескаат; се случува некое од бележаните јагниња да се спаси ако пред колењето овчарите увидат дека може да биде расно и ги враќаат назад кај другите јагниња оставени за приплод; спасеното јагне сè уште блее од страв; блеат и другите јагниња исплашени од неговата црвена боја, од неговиот смртен знак на челото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се убедувам дека истекла во црвената боја на фломастерот.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Заборови дека некогаш сме се разделиле мисли на времињата кога сме се сретнувале две раскрсници во градот на некој збор кога сме плачеле по црвената боја на небото ти во туѓина, јас во туѓина а секој миг сме се гушкале ко добромисли јас во твоето око, ти во моето Заборави дека засекогаш нè разделиле...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Според предлогот на Врапче, се викавме ВИС „Wapakom“. Загадочно име особено кога го чкрбавме со црвена боја по ѕидовите на зградите.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Потоа тато ќе ја обои куќата: покривот со црвена боја, ѕидовите на куќата со жолта, прозорците со кафеава, тревата околу куќата со зелена, а небото со сина боја.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ако источните ѕвезди започнуват да добиваат изразито црвена боја, да пламнуваат како оган - претскажуваат војна.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Низ долги опити тој виде дека буквата И создава црвена боја па долго иеше врз него, сѐ дури едно утро листенцата не запеаја во јарко црвени гласови.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Есено време, секоја година во октомври и ноември, улиците на нашите села и градови расцутуваат од црвената боја на знамињата, од илјадници црвени марами заврзани околу вратовите на нашите пионери.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Беше стар, раздрнкан, со оветвена црвена боја, и на Димче не му се допадна.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)