црвен (прид.) - крв (имн.)

Се меша зеленото мастило со црвената крв: надежта отпочинува под сенката на муренката пред лутиот бој со смртта. ем молчат, ем бијдат брановите: доаѓаат нови поплави од тага за докусурување на дваесетиот век. секое листе на белата муренка им прави сенка на мечтите на сите кои умираат со гордост во погледот.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Од главата му бликна црвена крв...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Гоце лежеше и ја полеваше со својата врела крв својата поробена земја.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Бликна врела црвена крв и му го попрска елекот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Смиреност на мислите и покрај болката од раните, распарана кожа од острицата на жилетот по рацете и градите, темно црвена крв разлеана по подовите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Индигнација, лутина и гнев скриени во сечилото преточени во охрабрувачки занес, злобна алузија за да го казнам просторот и времето околу себе, а претворам во ужас дел од сопствениот хабитус и свесно правам деперсонализација, обезличување на душата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Одиме право на една латица - латицата го исполнува целиот екран - и пљус, капка црвена крв капнува на неа. Така би се завршило убиството.“
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Работев со некогашниот театарски писател Самсон Рафаелсон, кој соработуваше во скоро сите званични филмови на Лубич.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сепак некоја идна капетанова ќерка повторно да повторно ќе ги засака огреаните тела на непостоечката дивина... едно пливачко попладне или дали еволутивниот премин од водата кон копното претходно подразбира ист таков напреден чекор во спротивна насока ...влези во водата зарем не гледаш дека крвариш се насмевнува тате секогаш во право потрчај кон лековитите бранови нурни се јас со силното татковско тело ќе те дочекам ќе те сочувам од рефлекторите го намокрувам стапалото поспано ме допираат водените стопрсти мојата црвена крв потечува низ нивните сината низ моите вени нагоре над коленото толку лесно не боли тато пази на сѐ риба сум малечка засолнета во устата на таткото поаѓаме по топлите струи кон југ кон југ кон југ... но што сега се насмевнува ако те исфрлам од утробата до кога ќе се сокриваш во мене до кога ќе бидеш глува слепа ме турка ме истуркува од себе немој врескам тој немилосрден е немилосрден е ме протерува пливај сама нуркај сама храни се сама љуби сама греши сама сама сама... повторно на брегот на карпите со сонцето на влажниот стомак го чекам да се врати од водите од подводните пештери да ми ја залеп левата шака на старото место потполно сочувана сите живци капилари мускулчиња секое движење стисок допир само тате да плукне на раната ќе се врати отсечената шака пак ќе су негова негова негова негова негова...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
По овие страни, по пределот бујат, во црвени крвје што пребликнал сега, за храбрите еднаш песни ќе се чујат и како во синџир оро ќе се стега.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Ги гледав како се радуваат на смртта, на умирањето, на излеаната црвена крв.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ја гледав во овие луѓе жедта за моќ, амбицијата да ја покажуваат врз намамените и немоќни морски џинови, принцови на сините водени пространства, својствена речиси за секој човек.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Потоа ми е толку жал, што не можам да се поднесам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тогаш чувствувам како завојот ми натежнува и како една капка црвена крв ми паѓа врз коленото.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ја раскажуваат за да остане во трајно сеќавање, големата приказна за илјадните борци, за нивната црвена крв пролеана за слободата.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)