Да речеме, да се појави некој интересен полициски чиновник со црвен нос, или адвокат со еврејски акцент.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Јас сакам да го боли, ми рече. Јас сакам кога му расте црвениот нос од болка.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Имаше уште и очила на црвениот нос и стар чадор под мишка.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Тие паметат како изгледала порано оваа обична главичка; голо, детски розикаво теме, со венец остра, црвена коса над малите уши, подвижно чело просечно со две вертикални, страшно густи веѓи, голем црвен нос, широка уста, модри насмеани усни, ќосава брада со снежнобела кожа.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Мал црвен нос, олупен од мајско сонце, тркалесто лице под брада, стиснати усни и ниско испупчено чело.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)