Уште еден удар, уште едно повлечено гудало по невидливите жици и ножот допира до коренот на црвениот цвет, до неговата бела стеблика. Стеблика - коска.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Вода им даваше во чаши од тенко стакло, целите однадвор изнашарени со зелени лисје и црвени цветови.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Зеленееше и цветаше со големи црвени цветови, цветаше и зеленееше, и го ширеше оној особен, силен сарделски мирис.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
5. Застанувам пред изгорените усни на летото И тихо, пипајќи низ мракот Ги гаснам црвените цветови.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)