Општ впечаток од целокупниот циклус е дека Џарман создава Икони на апокалипсата, ги осликува содржините на Седмиот печат.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тие се со мал формат (просечно 30x40 цм.), работени на платно, основата секогаш е слој од црна боја или слој од црна преку златна основа, со различни густини и текстури.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Врз таквата основа Џарман аплицира разни предмети: пронајдени предмети, предмети од неговите претходни филмови, предмети од неговата околина и секојдневие, цели или скршени парчиња стакло, насликано стакло...
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Црвената глава е “ниту ваму, ниту таму”, од него се одзема најбитното - скалпот со црвената боја: неопходно насилство во ритуалната практика. *** Чандоџја упанишада: “Црвената боја на горечкиот оган е бојата на огнот, белата боја на огнот е бојата на водата, црната боја на огнот е бојата на земјата. (...) Вистина се само трите бои (или облици).”
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Бесконечноста може да биде симболизирана со бесконечноста на боите што го сочинуваат зракот на белата светлина. (...) Ако белата боја е симбол на отелотворената целина на битието, тогаш црната боја е симбол на хаосот, на небитието.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Црвеното - белото - црното како основна компонента во составот на светот (?): Во културата на Тера Амата (ок. 23.000 год п.н.е.) е забележана истата тријада со потврдена сакралност во таа култура и карактеристична (не само на визуелен план, од аспект на впечатливоста на боите во оваа комбинација) сосем можно, за homo sapiens воопшто, што делумно се потврдува со сликарството на горниот палеолит; освен тоа: некои римски обреди, во кои на боговите од трите видови им се жртвуваат животни со црвена, бела и црна боја на крзното; некои хетитски ритуали за повикување на духови (духовите се појавуваат од црвениот, белиот и синиот пат). куса забелешка: модро - сино - плаво: Словенското „модар“ генетски корелира со литовското madaras со значење на „нешто валкано, нечистотија“. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 105
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
И уште малку де-конструкција: дури ни црната боја (дури ни мракот овде!) на кориците во првите пет броја не успеа да остане сјајна под вашите похотни прсти; некои графички прилози беа со лош квалитет поради тоа што нашето сканерче “фаќа” само 300 точки на инч (и воопшто, за уште покомплексен графички изглед секогаш недостасува уште покомплексна компјутерска опрема); некои текстови беа испечатени со непријатно ситни букви; не секогаш можевме да дојдеме до оригиналните текстови, па бевме принудени да користиме посредни преводи; најавените содржини за следниот број ги одложувавме за оној по него (така и сега: Бодријар, Гринавеј и тематот за Преведување ќе се најдат во следниот, октомвриски број); делумно бевме неправедни кон матичното животно на чијшто грб сме, Сорос-носорогот; итн. (допиши по желба, и конечно ковертирај и прати, ти бескрајно апатичен (“)маргиналецу(“)!)
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Луминозноста не може да има црна боја.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Иако го прочитав нејзиното име и презиме на штичката, на која покажа татко ми, не можев мајка ми, нашата жива, секогаш насмеана добра мајка да ја поврзам со ова купче натрупана земја и со оваа грубо изделкана и испишана со црна боја штичка.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Едо настојуваше на црната боја на партнерката, а Елефтерија рамнодушно остана на своето.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Беше зима и дефилето, бундите што се движат како на модна писта, беше ретка глетка во тој дел на градот, каде се знаеше за лажна астраганка во црна боја и толку.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
И под 2: да го убедиш твојот зашеметен петел дека ти ќе бидеш супер пријател и, ако треба, и мајка на неговото дете и дека вие, всушност, ќе бидете едно среќно семејство, само под еден услов,љубовникот мора да ја офарба косата во црна боја за да не помисли некој дека ти е татко и сè што е негово да стане твое, значи ’ко божем тој ти го продава на тебе.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Беше од измазнета телешка кожа, црвено обоена, внатре поставена со сатен, од предната страна украсена со срцолики орнаменти од пришиена кожа и со малечки цветови со жолта, бела и црна боја.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Такси ги довезе до една висока железна порта. Со црна боја.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Приоѓаат до Матеј, земаат од црната боја и прават дамки на своите бели облеки.)
СИТЕ: Твојот ХИФИ е твој ХИФИ, нашиот е наш,
твојот ХИФИ е твој ХИФИ, нашиот е наш.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Кружниот пат долж брегот на полуостровот е проширен и асфалтиран, начичкан со мноштво кафеани, таверни, кафулиња, ресторанчиња и мали продавници и покрај 70 – православни цркви, повеќето постари од петстотини години и изградени во византиски стил, претставува големо туристичко доживување и завршува пред малиот плоштад во чија средина во природна голема е поставен споменикот на владиката Каравангелис на чии гради со црна боја е испишано – крвник.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Малку потаму има уште една помала табла со истиот натпис, но буквите скоро се премачкани со црна боја, што укажува на тоа дека некому тоа име му пречи и црно му напиша.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Оникс: Ох, не Охис, туку Оникс. Црна боја што впива и емитира.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Пред очите ми се сменуваше црвена и црна боја и нешто како светложолти молскавици.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Светот околу нас престана да постои: имаше само прав, злоба, стегање на мускули, солена пот.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
4. Наведната врз земјата Сончогледите го слушаат напевот на црната боја И темнеат усамени и голи.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)