Една од неговите последни социоскулптурални „акции“ бил и обидот да го завитка Енди Ворхол со неговата топлина, во што не успеал поради тоа што Ворхол бил непоправливо ладен - замрзнат, црна дупка на ништожеството во која сѐ друго (сето останато) исчезнувало.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Диви ѕверови гонат невини души и диви ѕверови сега ја растргнуваат мојава душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Црн сјај во зениците, а на нивно место црни дупки, длабоки понори, бездни и степи.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Така, секој крај на нивните реченици завршуваше во празнината на просторот над нив, како во некоја црна дупка, проголтани во немоќта.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Смешна ми е смислата на постоењето на црните дупки. Со оглед на мојот случај.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Не сум ни во црна дупка во која времето заедно со просторот бидуваат сомлени во непостоење.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Како дупли дна, би можело да се рече, сликите фатени меѓу магнетите на земјата и небото, фалусот и вулвата, материјата и црните дупки, како каријатиди, што друго.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
„Зошто?“ ја праша црната дупка на ножот. „Јас не бев виновен“.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Додека Мо, размислуваше дали Вици се гледа со некој Вени ... едни земји излегуваа од рецесија, за потоа да влезат во свински грип, Џералдин се разнесе во супермаркетот каде не можеше да го најде својот Бог, Марио и Славе продолжуваа да се тепаат за школската ужинка, General Motors отпушти 10.000 работници, Лира и Вања се кубеа за коса, за тоа која - чиј дечко земала, бројот на жртвите во ураганот Катрина достигна 1836, Во Церн сѐ уште преговараат дали после експериментот, Земјата ќе ја голтне црна дупка - веднаш или неколку дена потоа?
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Тук там по некој човек што се врти по долгата колона, дечиња од пред влезовите истрчуваа на кај колоната, молчејќи да ја следат, за на крајот, кога Геле ќе стигне пред една недоправена куќа со две црни дупки наместо влезови а со исто такви црнини на првиот и вториот кат, да прераснат во цела сурија.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Тетка Перса, пред таа да се досели, ангажира молер да ја освежи куќата, дури ја праша случајно можеби сака некоја друга боја на ѕидовите а не бела, Не, ѝ рече Пелагија, те молам тетко Персо, не арчи се, за наска ова е рај наспроти црната дупка во која живееме.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Калкуланти, бедници, лицемери, кулоарски вошки што ги грицкаат театарските завеси, лешинари на празнината кои никогаш ништо друго и не правеле освен што го одржувале бесмислениот празен оган на големата празна празнина, на чие што дно ко во некоја инка/црна дупка, ко талог, трепериме и ги слушаме нивните мегафонски ступидарии.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)