Ќе дојдете вие плеќести црни мажи и деца и неба и птици на овие брегови Трпко и ден и ноќ и ден и ноќ да нѐ барате нас мажи и деца и неба и птици Вардар престорени и мостје црно од грижи дали ќе се најдеме ние што го извишивме овој мост за нови плеќи и вие што ќе го извишите.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Врзани се во синџири, на нивните лица, би рекол амамџијава, се чита кедар, чиста болка, крвави се, парталави, издраскани и црни од кал, саѓи и барут, ама и синџирот и црнилото, зарем не се надвор од нив?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ја разгледуваше студената фотографска конвенционалност: невешти насмевки, стаклено вкочанети очи, усни црни од кармин.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)