Ама ете, толку пати како се обидуваат, но не ги пуштаме да припарат од оваа страна на реката, а за тоа отаде... нека им се стегаат прекуреканци – одговори поп Јаков и пак праша: – Е, што се слуша, ќе имат ли пак да ги пречекаме во Црна или ќе се откажат.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Не правев разлика дали се тие сини, зелени, црни или кафеави, дали се ситни или крупни.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Во последниот дел од вечерта како модели за најсвечени пригоди беа прикажани и тесни црни или темно лилави фустани кои многу јасно ја истакнуваат женската фигура, горе затворени со набор од копченца од страна, со косата собрана во завиткани локни на секоја страна и високо дигнат тесен шешир со две,три или четири машнички од страна.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Мила Пелагијо, не е важно дали се фрла црно или бело семе, од твојата нива не може друго да се појави, туку китка како тебе!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Непознатиот со татарски или монголски или черкески очи, ноздри, усни, гологлав и испотен, застанал и ги подвиткал топчестите раменици, го испуштил анџарот од левата рака и подавајќи ги двата прста на десната, показалецот и палецот, ги преплашил најблиските како да е невидено животно со црни или отровни рогови.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
И Татко го прифаќаше Климентовото задоволство како свое, без оглед дали турцизмот ќе се најде во црната или во белата листа.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тие беа задоволни и што успеваа да ги откријат длабоките и жилави корени на стариот збор, влеани во корените на другите зборови, израснати заедно и најчесто одделиви од новото јазично ткиво.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)