честит (прид.) - стрико (имн.)

- Не биди ломбак, честит стрико Дмитре, со стежнат јазик рекол Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Луѓето немо го заколнувале: раскажи, честит стрико, што си видел, и ние, ако нѐ посоветуваш, ќе му свртиме грб на овој безбожен мрак, со пеколот не се војува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Иако не можеле да му го препознаат лицето на видовникот, луѓето знаеле дека престарите очи со конци крв околу себе догледуваат сѐ и сѐ знаат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ќе се родиш ли и по третпат, честит стрико, замислено прашал Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сега сум исмукан кожурец со душа во носот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зошто се патува по невиделица, зошто не се слуша гласот на видовитата и од господа почитувана старост?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)