Една година подоцна, со четвртата измена на ЗРО (2005), онаа од октомври 2009, овој став конечно ја доби својата финална верзија, којашто пропишува дека работодавачот е должен да поднесе пријава/одјава (образец М1/М2) за работникот во задолжителното социјално осигурување, во согласност со посебните прописи – во АВРМ, пред работникот да стапи на работа.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
По една година од ова, со четвртата измена на ЗРО (2005), од октомври 2009, овие „мали прекршоци“ се зголемија од седум на осум (чл. 43, ЗИДЗРО/окт.09); • за прв пат, во 2005, воведена е и група од нови парични казни, кои се движат од 50.000 до 70.000 ден., за вкупно шест прекршоци кои се однесуваат на казнување на синдикат или на здружение на работодавачи (чл. 266, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Имено, наведените асоцијации можат да поднесат барање за преиспитување на репрезентативноста, по истекот на период од една година од денот на донесувањето на решението за утврдување на репрезентативност (чл. 36, ЗИДЗРО/окт.09); г) со четвртата измена на ЗРО (2005), од октомври 2009, покрај веќе опишаните новитети, во преодните и завршни одредби на ЗИДЗРО/окт.09, беа предвидени уште четири нови членови поврзани со оваа тема:
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Но, четири години подоцна, колку што време беше потребно законодавецот да сфати дека погрешил, со четвртата измена на ЗРО (2005), од октомври 2009, оваа чудна и нелогична законска одредба комплетно беше избришана (чл. 27, ЗИДЗРО/окт.09); в) за прв пат се воведоа и одредби за престанокот на дејствувањето на овие асоцијации, и тоа поради следниве правни основи: (1) ако така одлучи извршното тело на синдикатот, односно здружението на работодавачите, кое со статутот е овластено да одлучува за престанок; (2) ако од одржувањето на седницата на највисокото извршно тело на асоцијацијата, без посебно важни и оправдани причини, поминало двојно повеќе време од времето со кое со статутот е определено дека таква седница мора да се одржи; (3) ако бројот на членовите на синдикатот, односно здружението се намали под бројот определен со овој закон за основање на синдикатот, односно здружението; 31 и (4) ако му е изречена забрана на дејствување на синдикатот т.е. на здружението, со одлука на редовниот суд. 32 Постапката за забрана на дејствувањето на асоцијацијата се покренува на барање на органот овластен за регистрација или, пак, надлежниот суд. 33 Изреката на правосилната пресуда за забрана на дејствувањето на синдикатот, односно здружението, се објавува во Службен весник на РМ (чл. 201-202, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Четири години подоцна, со четвртата измена и дополнување на ЗРО (2005), 31. Притоа, симптоматично е тоа што, ниту во ЗРО (2005), ниту, пак, во претходниот ЗРО (1993) – не се предвиде минималниот број членови за формирање синдикат!? 32. Ова е техничка грешка во ЗРО (2005) бидејќи, за разлика од СФРЈ, во РМ веќе не постои називот „редовен“ туку „основен суд“. 33. А ова, пак, е суштинска правна грешка – бидејќи, според нашето право, парнична судска постапка не може да се поведе од страна на самиот суд, по службена должност, согласно т.н. приватно начело: Nemo iudex sine actore – Нема судија, без тужител! 48 првите три основи се сведоа само на една.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)