Тој рече дека морам да ја слушнам таа музика; тие се всушност само бледа слика на вистинската, преподобна музика; рече и дека сега му е смешно што го бранел џезот пред народната музика, и дека сето она што го напишал во есејот била чиста глупост; рече дека постои само една музика, и дека задолжително морам да ја слушнам.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тие се задоволуваат со тоа да лутаат по електронските патеки на киберспејсот и да влегуваат во системите по ќеф. На киберпанкерите „не им е незгодно“ да ги уништат или искористат информациите што ги наоѓаат. Презриви потомци на хакерите, тие сметаат дека девизата на постарите „Гледај но не допирај” е чиста глупост. „Една од работите која нѐ разликува од хакерите е нивното верување дека „информациите се моќ“. Ние велиме „Моќта е моќ“, вели Св.Витус.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)