Дури не сум сигурен дека со тоа може да се мери поимот “должност” (или, во секој случај, поимот треба - да се биде).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Индуцира? Согледува последици? Заклучува?
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Сакав просто да нагласам дека секоја претпоставена сигурност и не-контрадикторност во толку напнати околности (а тоа важи и за сите други) всушност се потврди на оптимизмот, чистата совест и неодговорноста, па затоа и на нерешителноста и продлабочената неоперативност а сѐ под маските на оперативност и решителност. 4Прашањето можеме да го поставиме и инаку: постои ли филозофија на Жак Дерида? 4Не постои. 4Значи, нема порака? 4Не. 4Дали има норматив? 4Секако, го има, само него и го има.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ако моите искази си го задржуваат правото на сомневање, запрашаност, воздржаност, огради поради незнаење итн., политиката, моралот и правото (кое не го мешам со справедливоста) си ги осигуруваат и се разбашкаруваат во обманата и чистата совест - и секогаш се наклонети кон тоа да бидат или да прават нешто друго одошто се моралот, политиката и правото. 4Дали тоа го изведувате од својата филозофија? 4Што изначи “изведува”?
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тој реши 4 месеци да ги чека резултатите од воведувањето на реформите и после со „чиста совест” го објави востанието.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ние ако сакаме да имаме чиста совест пред нашиот народ и пред себе, треба да ги земеме на себе и најмачните научни работи за да му помогнеме, а не да се изговараме, избирајќи го најлесното, дека немаме способности или влечење за оние науки што бараат најмногу труд и желба за работа. 56 Културното работење е поморално од револуционерното, зашто со првото интелигенцијата се чини вистински слуга на својот народ, а со револуцијата таа се обрнува во немилосрден експериментатор.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Па зар можеме да зборуваме се и сешто без да превземеме одговорност и обврска да ги погледнеме со чиста совест сите околу нас, светот и животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Нејсе! Тогаш јас, реков веќе, ослободен и со чиста совест дека сум сторил сѐ што е потребно, решив да се поддотерам, да се потстрижам.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
А и зошто би ги проверувал неговите извештаи? Немаше причина.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Се разбира, го додавав мојот потпис до неговиот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И сега со чиста совест можам да потврдам дека не го проверував напишаното освен во случаевите кога Даскалов самиот инсистираше да се запознаам со формулациите на неговите оценки.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Само измислувам туѓи животи, а својот не знам да го живеам. (Влегува Михајло, гол до појас.) Валканите си легнуваат навечер валкани со чиста совест, а чистите се тријат до појас за да ги симнат од себе замислените гревови.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Оти од порано уште чуле Дека таква била нивната борба Додека се гине да се пее И како такви уште и фала ѝ викале на песната Песна нас је одржала, њојзи хвала Ами како, ептен и за навек хвала Песната си е песна и како да свртиш Таа ич не е виновна што има секакви И уште повеќе што има никакви пејачи А никакви пејачи имаше и кога ги снема Патеките на соништата поплочени со петокраки Даже ептен никакви пејачи Кои чкрипеа како недоправени верглови И ги раскажуваа своите селански соништа Истопорени на градските плоштади Кои буричкаа во стари и туѓи соништа И кои на ангро крадеа туѓи соништа Крадеа на јаве се што ќе им дојдеше на сон Крадеа и на сон се што ќе им дојдеше на јаве Колку што крадеа и малку се џимкаа во сонот Нивната девиза не беше мирен сон и чиста совест Колку што не разбираа арно што воопшто сонуваа Ако за сон може да се есапи Само уништувањето на старите соништа со петокраки И ако за сон може да се есапи
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)