Вода пиев од истекот и вирот на чистиот сон како гозба како молк како бран Вода непиена секогаш недопиена.
„Чекајќи го ангелот“
од Милчо Мисоски
(1991)
Во стеблото на еукалиптусот Коалите се живо сведоштво дека и без палата Можат да се сочуваат алтан соништа Ќе го речеш оној во вештачкиот базен бил алигатор Па што ако е алигатор Да не не може случајно да ми доскокне до сонот Алигаторот ти е како оние интелектуални ветрогони Многу ’рчи а ич не сонува Најпосле дојде времето на чистите сонови Само тие севезден лачат најволшебна влага
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)