Во одајата, еден железен кревет. Тој ми покажа еден сандак и ми рече оттаму да извадам чисти чаршафи.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Помислив дека сигурно удрила четиринаеска и дека добро би ми легнало едно ладно пивце во некое празно кафуле со чисти чаршави и со добро извежбан џубокс-евергрин.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Портирот не праша од каде сте, не се интересира за пасошот, важно е прво да ве смести во хотелската соба, да ви ги покаже леглата: чистиот чаршав, јорган и перница, да наплати кога ќе си одите и дури да ве почести со едно убаво турско кафе за „алашверишот“ Хотелите во Истанбул се и скапи и евтини.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)