Исто така можеме да потсетиме и на K. Marx-овите Париски ракописи (1844), во кои што (и тоа во Третиот ракопис) ги споменува „сетилата-теоретичари” и пишува за „обликување на петте сетила како производ на целата досегашна светска историја”.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Според Marx сетилата се развиваат и обликуваат со помош на „предметно развиеното богатство на човековото битие”, значи со помош на за нив значаен 44 Margina #15-16 [1995] | okno.mk и суштински предмет.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Впрочем, кога се работи за времето, се чини дека не постои ниту еден доволно прецизен исказ во јазикот, со кој строго би се дефинирале границите на различните индивидуални временски моменти. = моменти и инструменти = До XX век или поточно до појавата на Ајнштајн и неговата Општа теорија на релативитетот, со која се утврдува праволиниското време како конститут на космосот и на човековото битие воопшто, сите мерни инструменти за времето имаа кружна форма: почнувајќи од римските солариуми, преку песочните часовници кои се вртеа околу својата оска и завршувајќи со прочуените јајца-часовници на Фаберже (јајце: форма со неверојатно богати митолошки асоцијации).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)