човеков (прид.) - историја (имн.)

Тие се уверуваа еден со друг, но секој со различни аргументи, дека само во јазикот се чуваат сведоштвата за сите човекови делби, распнувања, големи селидби, трагизам, човековата историја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Верувањето е тивка човекова историја, наспроти бучната, дека излезот пос­тои...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Развојот на културата и цивилизацијата ниту пред тоа не може да се разбере без толкување на улогата на градот во човековата историја, како што покажа Луис Мамфорд во својата монументална студија.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
До неговата. okno.mk | Margina #26-28 [1995] Александар Јерков 154 урбанофилија и литература одбрана и последни денови И направи усните мои да се како остар меч, во сенка на раката своја ме сокри; ме направи сјајна стрела, и во наметката своја ме скри. (Книга на пророкот Исаија, 49:2) Во периодот меѓу 3500 до 3000 година пред новата ера на Еглиевите карти на кои се гледа развојот на населбите низ човековата историја, во евроазискиот и африканскиот простор со сигурност се идентификувани само петнаесет развиени праурбани населби.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Јас повторно од последната клупа станувам и декламирам: Другарот Тито е еден од најголемите државници во целокупната човекова историја и пошироко.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Во една тоталитарна варијанта, прогресот беше претставен како мешавина на социјалниот дарвинизам, еугенизмот и науката за расата од крајот на XIX век и за создавањето на надчовекот, со цел да ја трансформира човековата историја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во една од верзиите на ова верување, човекот ќе се потпре на дијалектиката, претпоставена како објективна, која според Маркс треба да го, создаде новиот човек.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ова движење за индивидуална слобода е ново за човековата историја бидејќи не е засновано на географија, политика, класи, или религија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа е револуција на „главата“: настан на проширување на свесноста.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа се однесува на промена, не на структурите на моќ, не на тоа кој ја контролира полицијата, туку на индивидуалниот ум.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)