човечки (прид.) - природа (имн.)

Но, тоа не може да биде човечка природа.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Но ние ја создаваме човечката природа. Луѓето можат бесконечно да се месат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ти си замислуваш дека постои нешто што се вика човечка природа, која ќе збесне поради тоа што го правиме и која ќе се сврти против нас.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Човечката природа е деструктивна, сите се справуваме со некој внатрешен демон, но не смееме да го храниме со омразата, презирот, болката, да се доведеме во состојба на рамнодушно непревземање ништо.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
„Конфузија во зениците на болните поради очајното барање на крајот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не само што не постои човек за сите времиња и сите земји туку на секој историски период и на секоја нација на куглата земјина ѝ одговара специфичен тип на човечка природа: Сократ бил Атињанин од петото столетие пред Христ, Библијата е поетски - настанат поради таков след на околности - израз од еврејската душа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Дискусиите што ги водеа секогаш започнуваа од размена на фактографски податоци и импресии за книгите што ги прочитале и филмовите што ги гледале, за потоа да прераснат во филозофски расправи за суштинските нешта – животот, смртта, постоењето или непостоењето на Бог, релативноста на љубовта, вродената добрина или злоба на човечката природа, предодреденоста на нештата и што уште не, оти тогаш за себе веруваа дека се новите големи мислители.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Оваа последна година, кога конечно прифати дека започнал да живее во воено време, во време на војна, тој ја согледа и ограниченоста на својата човечка природа и на она во неа што се нарекува разумно расудување.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Човек што се однесува како пес се надева дека ќе го избегне големиот Друг и дека ќе го најде вистинското уживање, загубената анималност на човечката природа.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Суштината на ваквите учења е во тоа дека животот во овој свет ѝ служи на некоја повисока цел, која не е лесно да се одгатне, но која несомнено значи усовршување на човечката природа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Веројатно духовниот дел на човекот – душата, треба да биде предмет на тоа воздигнување и облагородување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Признанието те опседнува како длабок порив на човечката природа...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Тоа е човечката природа. Можеби неразумна, но човечка.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)