Лицето му беше обраснато со брада, а косата веќе му беше проретчена, но јас сепак го познав, по чпртиот нос, по погледот и по самоуверената насмевка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И одеднаш пред него се испречи бушаво планинско човече, непотстрижено откако е родено, со чпртав нос, со очи на див елен, човече кое чека само да му тутнеш нешто в муцка, па да ја смагли во шумата.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Тој таа вечер раскажуваше бесрамни нешта, кои се премолчуваа во секој дом и во секое друштво кое не припаѓаше на самото дно на општеството; дури и кога пријателите на Берта се обидуваа барем малку да го насочат разговорот на друга страна, па го прашуваа за тоа каде ги направил првите слики по нарачка, тој зборуваше како на петнаесет години во некоја јавна куќа насликал неколку актови на ѕидовите, а потоа раскажуваше што сѐ правел таму освен што сликал; го распрашуваа кого портретирал изминатите години, а тој ги набројуваше портретите на сопругите на месарите, банкарите, докторите и професорите, и помалку зборуваше за портретите, а повеќе за тоа што сѐ правел со портретираните.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)