Но има во оваа слика чудесна убавина која, трансцендентирајќи секаква конкретна реалност, ја чини вистински амблемска.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Која сила низ мојата рака го создаде ова невидено дело, оваа чудесна убавина?“
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
- Пред нив се извишила чудесна убавина - гранки спружени на сите четири Господови страни.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Со месеци се немаат видено и тој е изненаден дека и таа има израснато високо, и не само што израснала и се пополнила, туку блеска со некоја чудесна убавина што се шири не само од нејзиното фустанче, туку и од нејзиното гласче, од насмевот во лицето, од затемнетото синило во очите.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Бевте во право кога велевте дека во текстот беше изразена толку силно хармонијата на еден маж и на една жена низ нивната тишина за што тешко можело да се најде друг пример, слика на една чудесна убавина, која трансцендирајќи секаква друга конкретна реалност, ја чини вистински амблемска.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Татко ми како вистински балкански алхемичар од посебен ков, се срушташе длабоко во ноќта за да ги најде вистинските зборови обвиткани во рувото на тишината со кои требаше да им се противстави на зборовите, небаре излезени од барабани, во тие тешки времиња.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Сликарот забележа оти платното е завршено, совршено исликано, со чудесна убавина исполнето.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Покрај пасажите за потрагата по душата, фиксирана во татковите книги, во мајкиното огледало и врската клучеви на некогаш напуштените куќи, кои можеа да ги отвораат само сонуваните брави, мислам дека само во долговечната заеднички истрадана тишина можеше да се насети постоењето на душата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)