Во девет Соколе е пред гимназиската ограда. Учениците се пуштени на одмор, дворот е шарен и жив.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Се престорија во голем, шарен и возбудлив калеидоскоп што почна да се врти заедно со мене вовлекувајќи ме сѐ подлабоко и подлабоко во нешто огромно и таинствено, прекрасно и застрашувачко истовремено.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Трипун Караѓоз сакал шарено и слатко, пиел и погледнувал по туѓи жени. Секогаш за си се изненадувал.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Дај од ракијата, стрико Симоне. Тешко ми е. - Ти тежи кражбата; суво рекол Јован Стојче - Столетников.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Можеби беше тоа тајната на мојот живот што се постилаше пред мене, очекувајќи ме да навлегувам во неа и да ја откривам секој ден, секој час, секој миг?!?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Знам дека по оваа книга ќе следат уште многу нови текстови, уште многу нови шарени и светкави, крцкави бонбони, кои уште од сега нестрпливо чекам да ги вкусам.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Едниот играч бара од другиот да пронајде збор име на град, на река, на држава или царство накратко, некој збор што се наоѓа на шарената и замрсена површина од картата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)