Ја изгубив сметката на времето и се најдов меѓу изгубените од дружината, врел, со развеана коса и со очи обземени од копнеж без сочувство на луѓе што еднаш веќе минувале по светлосната врвица на првата младост.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се разбира дека тоа не е сѐ. Социјализмот во мојата претстава почнува некаде од некои газиени ламби, со право на одвај четири тетратки во годината во гимназиските клупи и со многу транспаренти и пароли против студот; со први куси панталони од излитено вејничко ќебе што ќе ги облечеш одвај на твојата шеснаесетта година за да прошеташ низ полето што сѐ уште потсетуваше како да е „во војнички цокули обуено...“
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Пред тоа испив голтка вино од жудливо грозје што го раѓа од песок Македониичкава, ме натера домаќинот да го сторам тоа, го опијанив срцето и појдов во длабочините на животот да ги поздравам оние што не се веќе мртви и да им раскажам како почна највозбудливиот ден на овој свет: ја видов 'рженокоса, пораснав, треската што ме мачеше изгоре од огнот на крвта премногу зовриена за да не знае што се случува во шеснаесеттата година.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)