Но, за жал, поради сплетот на идните бурни настани што допрва следуваа, иако подоцна немаше второстепена постапка по жалба, оваа пресуда, која во октомври 1999 стана правосилна и извршна, никогаш не е извршена – ниту доброволно, ниту присилно [а веќе е и застарена].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, овие луѓе на кои им дојде „нож до коска“ од долгогодишните шефовски лаги и глумења, беа подготвени на ваков пресметан ризик уште од почетокот на борбата, па останаа упорни и солидарни во заедничката битка – и воопшто не се плашеа од негативните консеквенци и реперкусиите кои следуваа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Имено, неможејќи повеќе да го истрпат понижувач кото однесување на новопечените газди и нивните послушници, скоро сите „порцеланци“, како што имаа обичај да се ословуваат меѓу себе, решија да организираат штрајк против условите за работа и да бараат исплата на заостанатите плати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)